Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема повеќе карантин за оние кои од Македонија ќе влезат во Албанија

Нема повеќе карантин за оние кои од Македонија ќе влезат во Албанија

Укинат e задолжителниот карантин за лицата кои од Македонија и Грција влегуваат во Албанија. 

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана. Карантинот беше воведен на 20 април. За воведувањето на карантинот реагираа претставниците на македонското малцинство во Албанија. Тие бараа укинување. 

Ова лето нема да има ограничувања за луѓето кои ќе сакаат да одмораат во Албанија. Како што најави премиерот Еди Рама нивна цел е да стигнат до милион вакцинирани граѓани. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести