НЕМА ПОУБАВА ПРОФЕСИЈА ОД ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, НЕМА ПОЧИСТО ОД ГРИЖАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ - професорот Никола Дујовски се потсетува
Професорот и декан на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, со гордост се потсетува на периодот перд 27 години, кога е фотографиран како полициски службеник.
Вели дека нема ништо почестито и поубаво од таа професија, од грижата за безбедноста на граѓаните.
Тој приложи и фотографија на својот фејсбук профил која потсетува на неговиот тогашен ангажман.
„Помеѓу првата и втората слика поминаа повеќе од 27 години. Тогаш чувствував, се надевав, посакував. А денес знам, сигурен сум - нема поубава професија од професијата ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК. Нема ништо почесно и почестито од грижата за безбедноста на граѓаните. И денес исто како и во 1996 година, иста посветеност, иста одговорност, иста желба, иста љубов. Љубов за цел живот.
Имам бескрајна почит за секој полициски службеник и за секој сообраќаен полицаец. Им благодарам на соработниците и пријателите од МВР и од РСБСП, но и на непознатиот возач кој во целост ги почитуваше правилата за безбедно управување со возило, што денес во најубаво светло ме навратија на спомени од пред речиси три децении
