Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ТРАГАТА НА ВАЊА СЕ ГУБИ КАЈ „СИЛБО“: Спасовски вели дека се сослушани десетици лица

НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ТРАГАТА НА ВАЊА СЕ ГУБИ  КАЈ „СИЛБО“:  Спасовски вели дека се сослушани десетици лица

Таткото на Вања  Ѓорчевска на 27 ноември пријавил во полиција дека ја нема, но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека нема потврда дека трагата на девојчето се губи кај „Силбо“. 

Тој кажа дека апсолутно нема никаква потврда, дека трагата на Вања се губи пред „Силбо“ или пред „Броз“.

„Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани“, рече Спасовски и нагласи дека во овој дел интензивно се работи за да може да се расчисти целиот овој случај.

Преку 50 камери односно места каде што има камери се преземи и прегледани, целосно е во функција системот безбеден град, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени, сослушани се десетици и десетици лица од кои се земени податоци и информации во однос на целиот овој настан. Петти ден се трага по девојчето.

Слично

Поврзани вести