Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема породување без венчаница?

Нема породување без венчаница?

Отстрането е известувањето од акушерското одделение во струмичката болница со кое се бара од родилките пред породување задолжително да донесат извод од матичната книга на венчаните.

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, вели дека ваквото известување е отстрането, и дека се работи за лаичка грешка на некој од вработените. Тој вели дека не е конслултиран за текстот и содржината на известувањето. Гогов додава дека ниедна родилка што била дојдена во болницата не била вратена и секоја, независно дали е венчана или не, во рок од 36 часа добива извод за новороденчето.

Написот за кој имаше реакции во јавноста е протолкуван како дискриминирачки и скандалозен, а беше напишано дека „Пациентките кои доаѓаат на Акушерско одд. за породување задолжително со себе да донесат извод од венчаните“.

Слично

Поврзани вести