Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ПОЧИНАТИ, потврдени 53 нови случаи

НЕМА ПОЧИНАТИ, потврдени 53 нови случаи

Расте бројот на нови случаи во државава. Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 401, Куманово – 320, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –112, Тетово – 52, Струга – 55, Велес – 55, Битола –17, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1 и Македонски Брод -2, со што овој град е новиот во кој што веќе има два потврдени случаи, односно не е град без ниту еден заболен.

Слично

Поврзани вести