Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема починати, но потврдени се 29 нови случаи заразени со КОВИД-19

Нема починати, но потврдени се 29 нови случаи заразени со КОВИД-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира шест оздравени пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. 

Во Штип еден, во Велес тројца, и во Гостивар и Кочани по еден. 

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

Слично

Поврзани вести