„НЕМА ПАРИ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ЗА СУБВЕНЦИИ ИЛИ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ“: СДСМ прашува колку платија граѓаните за прославата на ВМРО
Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица? 300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе?
Ова се прашања на опозициската СДСМ од каде истакнуваат отки трошокот за прославата по повод годишнината од основањето на партијата го сносат граѓаните.
- Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета - се наведува во соопштението на СДСМ.
Потоа додаваат: додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ.
- Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО.
Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија? - прашуваат од СДСМ
