Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ОСТАВКА: Алиу ги повика пратениците да ги изгласаат законите за реформи во администрацијата

НЕМА ОСТАВКА: Алиу ги повика пратениците да ги изгласаат законите за реформи во администрацијата

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска на прес-конференција проговори за денешните најави околу најавена оставка.

„Денеска во јавноста провејуваше шпекулација дека јас ќе се откажам од овој предизвик, тоа веројатно доаѓа од луѓе кои не ме знаат доволно добро или можеби од луѓе кои тоа го сакаат“, кажа Алиу.

Нема оставка од Алиу, туку повик до пратениците да ги изгласаат законите кои се однесуваат на реформа на јавната администрација.

Тој на прес-конференција укажа дека нема време за губење и дека ова е важно да се направи што поскоро. Законите се со месеци заробени во Собранието и не ги поминуваат ниту собраниските филтри. Алиу кажа дека законите ќе донесат професионална администрација.

„Јас не се откажувам никогаш. Ние сме министри и имаме обврски и кон нашите партии. Законите се до ЕУ знаменце, поминаа на Влада и се заглавени во Собрание“, вели Алиу.

Тој како шпекулации ги опиша најавите за негова оставка. Додаде дека граѓаните заслужуваат квалитет. 

Слично

Поврзани вести