Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема опасност од отровни гасови во Тетово, потврди Ангелов

Нема опасност од отровни гасови во Тетово, потврди Ангелов

Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово. Oва го потврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој информираше дека иако има густ и црн чад од пожарот во Тетово, безбедна е состојбата. Испитувањата ги направи аримската единица за атомско-биолошко-хемиска опасност.

„За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови за што нема можност да се детектира. Но, потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од Америка“, изјави Ангелов.

Фабриката „Македонија табак”, во која утрово околу 9 часот избувна пожарот, има лимен покрив и бетонска плоча и водата од хеликоптерот не може да продре внатре, појасни Ангелов.

„Воедно, хеликоптерот не може да влезе во густ чад и на работ влегува и интервенира. Хеликоптерот дејствува од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија“, рече Ангелов.

Во пожарот повредени се четири лица, но сите се надвор од животна опасност. 

Слично

Поврзани вести