Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема олеснување: Кочан во затвор 4,8 години

Нема олеснување: Кочан во затвор 4,8 години

Бизнисменот Сеад Кочан веќе ја издржува затворската казна од 4 години и осум месеци но Врховниот суд вчера одлучувал за предметот по барањето на одбраната да се преиспита должината на акзната. Сепак судот соопшти дека по преиспитувањето правосилната пресуда е потврдена 

„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението на Врховниот суд Скопје. 

Управителот на компанијата „Трансмет", Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола" на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.


Слично

Поврзани вести