НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ: ВМРО ДПМНЕ викендов на вонреден партиски конгрес
Опозицијата дефинитивно ќе го одржи партискиот конгрес овој викенд во Валандово.
Ова го соопштија од ВМРО ДПМНЕ откаде што посочуваат дека иницијативата објавена во медиуми не добила поддршка од Извршниот комитет кој одлучил истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата.
Меѓудругото во соопштението од партијата која доскоро ја управуваше Никола Груевски истакнуваат дека ИК вчера ги осудил „ нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам“.
Тие ја обвинуваат власта за иректно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство .
„Извршниот комитет одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи“, се посочува во соопштението во кое ги осудуваат и бидите на полицијата да ги спречи протестите.

Наследникот на Груевски неизвесен
Засега е неизвесно кој ќе го наследи Никола Груесвки. Единствено кандидатура за лидер поднел Филип Петровски, а дел од блиските сопартијци на Груевски се видно разочарани и обинуваат за фаворизирање на еден кандидат а тоа е Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски .
