Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО ДЕБАР: Дука порача дека не е време за триумфализам

НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО ДЕБАР: Дука порача дека не е време за триумфализам

Во градот Дебар се зголемува бројот на оздравени од Ковид 19.

Веќе 12 дена нема нови заразени со коронавирусот.

Но, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука денеска изјави дека битката со невидливиот непријател не е добиена. 

Порача дека граѓаните не треба на состојбата да гледаат со триумфализам, туку и понатаму да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат мерките кои ги наложи Владата. 

Бројката на потврдени случаи во Дебар останува на 49. 

Кризната состојба не е продолжена, и животот полека ќе се нормализира. 

Делегација од Владата предводена од премиерот Оливер Спасовски, вчера го посети Дебар.

Центар Жупа и Дебар беа првото жариште на коронавирусот.

Во Дебар ќе се направи анализа на имунитетот на населението.

Во земјава денес има нови 66 заразени, а дури 27 од нив се од Куманово.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести