НЕМА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ: Комисијата за заразни болести ќе заседава повторно во вторник
Комисијата за заразни
болести на денешниот состанок не препорача нови мерки, а следниот состанок е
закажан за вторник идната недела. Останува на сила полицискиот час кој трае од
22 до 05 часот изутрина, а со последната одлука на Владата, по препорака на
Комизијата за зарани болести, засега оваа рестриктивна мерка во насока на
спречување на ширењето на корона вирусот ќе трае до 6.април.
Извори на Фактор од Комисијата за заразни болести брифираат дека ова тело веќе има нови членови.
-Дел од колегите кои членуваа во Комисијата за заразни болести веќе заминаа во пензија, а дел, пак имаат професионални ангажнаи надвор од Македонија. На нивно место се исто така експерти и професионалци кои ќе продолжат да работат во Комисијата за заразни болести, вели изворот на Фактор.
А.Б.