„НЕМА НИШТО НОРМАЛНО ПОЛНОЛЕТЕН ДА КАНИ НА КАФЕ МАЛОЛЕТНО ДЕТЕ“: Граѓаните револтирани од случајот во Карбинци
Веста која со молскавична брзина се прошири низ македонските медиуми, околу обидот за киднапирање на деца од основно училиште во Карбинци, која исто така со експресна брзина беше демантирана од Министерството за внатрешни работи се уште бранува. Јавноста останува збунета, но и револтирана од начинот на кој МВР ги отфрли овие тврдења и го оквалификува случајот како обична покана за кафе.
Токму објаснувањето дека некој ја поканли ученичката која имала само 13 години на кафе, е она што најмногу им пречи на граѓаните.
На оваа тема се осврна и доктор Ненад Лазаров, кој вообичаено, несебично укажува на проблемите на нашето општество. Тој потенцира дека нема ништо нормално во покана за кафе од страна на возрасно лице со автомобил до малолетничка која не го познава.
- Нема ништо нормално во тоа да некој полнолетен со кола се мота околу школо и кани и на кафе малолетно девојче!
Едно да во кажам, природно право да си ги одбраниш и заштитиш децата е над законот напишан на хартија, превземете и напрајте ред и мир, во спротивно ќе има хаос - напиша Лазаров на Фејсбук.
Еве ја неговата објава:
Сосема очекувано, неговиот пост предизвика лавина реакции, од кои најголемиот дел од граѓаните се согласуваат со неговиот став, дека не е природно возрасно лице да кани малолетници на кафе.
За потсетување, по првичната објава од локалните медиуми дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци имало обид за киднапирање на деца, МВР се огласи со демант.
Подоцна во текот на денот, градоначалникот на Карбинци го објаснуваше случајот и потенцираше дека не разбира зошто одма се отфрла тврдењето на децата без целосно да се ислушаат.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
