Нема ни втора среќа за Мијалков
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за враќање на патната
исправа.
„Началникот“го барал пасошот кој му е одземен во случајот „Таргет“, поради лични
причини.
Како што појаснија од Кривичниот суд на денешниот брифинг со новинарите,
одбраната на Мијалков на 21 февруари побарала да му се укине мерката за
претпазливост, односно да му се врати патната исправа.
Од судот е одбиено и барањето на одбраната, Мијалков да се јавува само еднаш месечно во Судот, наместо секоја недела.
Сашо Мијаков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се водат судски постапки.
Слично
