Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМА НИ Р ОД РЕФОРМА“: Петровска за законите донесени по скратена постапка

„НЕМА НИ Р ОД РЕФОРМА“: Петровска за законите донесени по скратена постапка

Нема ни "р" од реформа, има само план скроен по мерка на Мицковски за да ги испере 500 милиони евра земени од Будимпешта, реагира Славјанка Петревска од СДСМ.
„Вчера попладнето 10 закони по скратена постапка, предложени од пратениците на ДПМНЕ, скроени по мерка на бизнисменот во енергетиката Мицковски, в.д Премиер беа донесени и ги поминаа сите фази на донесување на закон во рок од 8 часа. Нема ни "р" од реформа, има само план скроен по мерка на Мицковски за да ги испере 500 милиони евра земени од Будимпешта. Мицковски го свитка р'бетот во Вашингтон, неговите послушници во Скопје ги "голтнаа" 10 закони по скратена постапка“ напиша таа на фејсбук.


Слично

Поврзани вести