НЕМА НИ МЕСЕЦ КАКО ГО ОТВОРИЈА, ВЕЌЕ ГО ОГРАБИЈА: Косовскиот маркет „Вива фреш“ мета на крадци, насилно влегле, краделе производи!
Откако пред неколку недели беше отворен, во Бутел 2, косовскиот маркет „Вива Фреш“ ноќва бил мета на крадци.
Според сознанијата на Фактор, денес маркетот не е отворен за купувачите, а од утринава имало полициско присуство кај маркетот.
Од МВР информираат дека утринава, во 7 часот и 5 минути, било пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, било влезено со употреба на сила и биле одземени производи.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.
Р.Ф.
Слично
