Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА НИ 30 ГОДИНИ, А САКА ДА ГО ВОДИ СКОПЈЕ: Кој е Амар Мециновиќ, кој влезе во втор круг за градоначалничкото место на главниот град?

НЕМА НИ 30 ГОДИНИ, А САКА ДА ГО ВОДИ СКОПЈЕ: Кој е Амар Мециновиќ, кој влезе во втор круг за градоначалничкото место на главниот град?

Скопје се подготвува за вториот изборен круг, кога конечно ќе се дознае кој во следните четири години ќе го води главниот град. Еден од кандидатите кој ја продолжува изборната трка е кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.

Мециновиќ е презимето на можеби најмладиот потенцијален градоначалник на Скопје. Тој наредното лето ќе наполни 30 години. Роден е на 16 јли 1996 година во Скопје и моментално е пратеник на Левица во Собранието на РМ. 

Високо образование завршил на Правниот факултет „Јустинијан први“, каде исто така ги завршил и додипломските студии на политички науки. Уште од студентски денови покажува посебен интерес кон политиката.

Мециновиќ во 2022 станува дел од Советот на Град Скопје, а во 2024 стана дел од Собранието на Македонија. Тој е портпарол на Левица, и член на највисокото раководно тело на партијата. Потекнува од скопски Чаир.

Д.Т.

Слично

Поврзани вести