Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема незаконско прислушување, тврдат од Владата

Нема незаконско прислушување, тврдат од Владата

По донесената одлука Владата да даде мислење до Уставниот суд дека не треба да се оценува уставноста на спорниот член 175 од Законот за следење на комуникациите како и до конечниот старт на реформите во безбедносниот систем од владата тврдат дека граѓаните не треба да се грижат за можни злоупотреби во овој период.

- Директорот на УБК јавно и транспарентно кажа дека во моментов се што се случува е исклучиво со почитување на целосната законска процедура. Значи, без налог од Обвинителство во Македонија веќе не може да се користат противистражните мерки - посочи Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата на РМ по денешниот брифинг со медиумите.

Бидејќи во тек се локалните избори легислативното решение ќе започне да се дебатира во наредниот период со вклученост на експертите и јавноста со цел да се обезбеди трајно решение кое ќе гарантира дека никогаш повеќе нема да се злоупотребуваат тајните служби во Македонија, тврдат од Владата на РМ.

Прочитајте ја и нашата претходна анализа на оваа тема.

Слично

Поврзани вести