Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕМА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ЗА БЕБИЊА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР“: АХВ ја следи состојбата

„НЕМА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ЗА БЕБИЊА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР“: АХВ ја следи состојбата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

Посочуваат дека Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.

- Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот е пласиран на македонскиот пазар - информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

За потсетување, европските земји веќе неколку дена проверуваат дали низ маркетите има затруена храна за бебиња. 

Компанијата „Hipp“ веќе објави соопштение во кое посочи дека „се жртва на уцена“. Во текот на викендот, тегли со отров за стаорци се појавија во Австрија, Чешка и Словачка. Австриската државна агенција за безбедност на храната (AGES) издаде предупредување, а синџирот супермаркети SPAR иницираше повлекување на производи. Полицијата интензивно го бара сторителот.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести