НЕМА НАПРЕДОК: Историчарите не ја отворија темата за Гоце Делчев
Нема напредок за учебниците, а усвоен е само еден записник, на онлајн средбата меѓу македонските и бугарските историчари.
Нема договор за прашања од средновековието, а прашањето за револуционерот Гоце Делчев и евентуалното негово заедничко честување не е отворено.
Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април. Единствениот исход до дводневните разговори е што е усвоен записникот од 10-тата средба, а за 11-тата и за годишниот извештај ќе се разговара во текот на месец март. Во записниците бугарските историчари ја проблематизираат употребата на придавката „македонски“. Во 2021 година се очекува комисијата да има пет состаноци.
Слично
