Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема милост за „тапкароши“ на УЕФА Супер купот - Строги законски измени

Нема милост за „тапкароши“ на УЕФА Супер купот - Строги законски измени

Собранието на Република Македонија успеа навреме да ги усвои измените на кривичниот закон со кој препорадавањето на билети на спортски и други вид на манифестации, вклучувајќи го и осебено за претстојниот Супер куп на УЕФА ќе биде строго казниво. 

Измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено, образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев.

Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од потписниците на предлогот, рече дека ќе ги поддржат измените и истакна дека секој предлог што е корисен ќе биде поддржан од опозицијата, а кон се она што е штетно ќе имаат, како што рече, поинаков однос.

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овој предлог се однесува на афирмативен и позитивен повод за кој долго ќе се зборува.

Токму затоа пред одигрувањето на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Скопје ќе се извршат проверки и контроли и секој кој ќе се обиде да препродаде билети или да ги фалсификува ќе се соочи со висока казна.


Слично

Поврзани вести