НЕМА ЛЕТОВИ СКОПЈЕ - ВИЕНА: Од денеска непожелни во Австрија
Аустријан ерлајнс ги откажа сите летови меѓу Скопје и Виена од денеска до 31 јули, соопштија од ТАВ Македонија.
„Со оглед на тоа што КОВИД-19 кризата наметна постојани и брзи промени во одлуките на авиокомпаниите, кои се прават врз основа на рестриктивните политики на ЕУ-земјите, ве замолуваме за најновите промени во распоредот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, да ја следите нашата веб-страница (Пристигнувања: http://skp.airports.com.mk/mk…/flights-mk/arrival-flights-mk и Заминувања: http://skp.airports.com.mk/…/flights-mk/departure-flights-mk), додека за сите прашања во врска со авиобилети, да се обратите до релевантната авиoкомпанија, стои во соопштението.
Претходно неделава Австрија забрани македонски државјани да влегуваат во земјата поради Ковид.
Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забранетата за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.
Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.
Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми.
