„НЕМА ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА“: Пациентка бара помош за да може да си купи лекови од странство
Пациентка болна од рак преку социјалните мрежи бара помош за да може да си купи лекови од други држави и да ја продолжи борбата за живот. 46-годишната Даниела Јакимовска преку социјалните мрежи посочува дека лекови на Онкологија нема.
„Апел за помош. Драги добри луѓе, имам многу да кажам, а не ми излегува ниту еден збор од душата. Во тешка ситуација сум, потребна ми е финансиска помош. Не барам милостина, барам шанса за живот. На мои 46 години се разболев од рак на дојка. Поминав сите тие хемотерапии и баш кога помислив дека се спасив, за неполна година ракот се врати во многу поагресивна форма како метастази на црн дроб. Скоро сите испитувања ги правам надвор од Паланка, дел и приватно. Хемо нема на Онкологија, купувам од други држави, реагенси за тумор маркери нема, и тоа го правам приватно, а уште многу други давачки... Моето семејство веќе не е финансиски моќно да го издржи овој товар. А како да се откажам од желбата за живот“, појаснува таа.
