Нема лабаво со банкарите, не се очекуваат полесни услови за земање кредит!
Во првите три месеци од годинава банкарите од водечките банкарски групации во земјава не очекуваат промена на кредитните услови во однос на последниот квартал од 2012 та година, кога условите беа значајно заострени, со што практично и првиот кавртал од оваа година одобрувањето на кредитите ќе биде под силен филтер на банкарските процедури. Како сигнал што навестува оптимизам, според најновата Анкета за кредитната активност, што ја објави Народната Банка, се очекувањата за зголемување на побараувачката на кредити и од страна на населението и од страна на прватниот сектор.
“Во однос на побарувачката, големите банки очекуваат зголемување на нето-побарувачката за кредити од страна на претпријатијата, и тоа со ист интензитет како и очекувањата во претходната анкета. Кај населението, големите банки исто така очекуваат нето-зголемување на побарувачката за сите видови кредити, при поголем раст на побарувачката за потрошувачки кредити“ - пишува во најновата анкета на НБРМ.
ФАКТОР РИЗИК
Ризикот и очекувањата за движењата во вкупната економија , според банкарите и натаму остануваат клучните фактор што делумно влијаат врз условите за кредитирање. Еве од кои фактори го условуваат заострувањето на условите за кредитирање:
- очекувања за вкупната економска активност- очекувања за перспективата на идустриската гранка на која и припаѓа фирмата што бара кредит- ризик од неизвршување на обезбедувањето.
Иако Централната Банка ја намали основната камата на благајничките записи и во текот на 2012 та и интервенираше преку задолжителната резерва со цел да ја олабави монетарната политика, сепак банкарите од поголемите банки изјавиле дека сето ова имало незначително влијание врз каматите на новоодобрените кредити.
- 84,8 % изјавиле дека монетарната политика имала незначително влијание врз каматите за новоодобрните кредити за населението
- 15,3 % изјавиле дека монетарната политика не влијаела
Слично
