НЕМА ЛАБАВО: Полицијата улови дури деветмина криминалци кои се бараат со потерници
На полицијата вчера и одело добро во „ловење“ на криминалци кои се бараат со потерници.
Полицајците фатиле дури деветмина криминалци, кои треба да лежат затвор во различно времетраење, но најмногу до три години.
Сите фатени се испратени во затворите да си ги одлежат затворските казни.
„Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24) Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно времетраење, до три години“, се вели во соопштението што го испрати Министерството за внатреешни работи.
Нема повеќе детали за каков вид на дела се осудени овие криминалци и како претходно успеале да избегаат за да не лежат во затвор.
