Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА КРАЈ НА СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА - Со автомобил „пичи“ по велосипедска патека во центарот на Скопје

НЕМА КРАЈ НА СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА - Со автомобил „пичи“ по велосипедска патека во центарот на Скопје

Непочитувањето на правилата, особено во сообраќајот во Македонија нема крај. 

Освен непрописно паркирани возила, на тротоари или на зелена површина, сега веќе несовесните возачи почнаа да си возат и кој кај стигне. 

Најнов случај на дрско непочитување на правилата е автомобил кој забрзано вози по пелосипедската патека на кејот на реката „Вардар“ во строгиот ценар на Скопје. 

Снимка од автомобилот кој „пичи“ по велосипедската патека е споделена на Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“, ама од срам во нашава држава нема ни С. 

Видеото можете да го видите на следниов линк.

Краторот на ова видео, објавата на Фајсбук ја насловил „можеби не е за во групава“, што предизвика бројни коментари, од кои дел укажуваа, не е за тука, за во бардовци е.... 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести