„НЕМА КРАЈ НА ЛУКСУЗИТЕ“: СДСМ тврди 'сопругата на Орце Ѓорѓиевски со чанта од 30.000 долари'
Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“. Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот.
Ова го посочуваат од опозициската СДСМ, од каде на социјалните мрежи споделуваат фотографии од синоќешниот отчет на градскиот татко и неговата сопруга, дополнети со фотографии од познатиот бренд.
- Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и мора да протестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи.
Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и небезбедни автобуси - се нагласува во нивната објава.
Потоа додаваат дека „очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти“.
- Луксузирање со авиони врз грбот на народот оди со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари.
Што мислат граѓаните на Скопје за овој „луксузно-моден патриотизам"?
Што мислат работниците, земјоделците, граѓаните за оваа аздисаност?
Само нека не се вадат на тоа е фејк или поклон. Може да биде поклон само од Орце.
После толку криминални тендери поврзани со Пирамид билдинг и Ленди груп, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано - се нагласува на крајот од објавата на опозициската СДСМ.
Слично
