Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА КОЈ ДА ИМ ГИ ЧУВА ДЕЦАТА: Мајките бараат да се продолжи породилното

НЕМА КОЈ ДА ИМ ГИ ЧУВА ДЕЦАТА: Мајките бараат да се продолжи породилното

На протест пред Владата попладнево излегоа мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство. 

Тие се револтирани од одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на работа. 

Носат транспаренти на кои пишува „Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“. 

Тие бараат да се поништи одлуката на Владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа. 

Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, затоа што во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.

Досега петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Тие се заканија дека се подготвени своите деца да ги остават пред Владата, доколку тргнат на работа, а нема кој да им ги чува. 

Владата по одлуката да не го продолжи породилното отуство на мајките денеска излезе со реакција коментирајќи го протестот како беспредметен. 

Според одлуката од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. 

Слично

Поврзани вести