Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

Дарко Златев, еден од преживеаните од дискотеката Пулс во Кочани, бил на болничко лекување во Србија 41 ден. Му била извршена трансплантација на десната рака од прстите па речиси до рамото. На другата рака добил трансплантација само на прстите.

За состојбата во кочанската болница вели дека нема никакви условии дека немаат ниту лепенки со вазелин што треба лекарите да им ги стават, но и дека нема каде докторите да им ги мијат раните.

За лекарите потенцираше дека се добри и дека добро си ја работат работата.

Тој во моментов не работи никаде. Има вулканизерска работилница, но бидејќи никој освен тој не работи со него, дуќанот му е затворен. Вели дека сака што поскоро да се опорави за да може да ги прехрани неговите деца.

Целата негова изјава може да ја погледнете тука.

Слично

Поврзани вести