Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема јавна седница, за притворите ќе се одлучува зад затворена врата

Нема јавна седница, за притворите ќе се одлучува зад затворена врата


Не на јавни седници, туку зад затворени врати одбараната и обвинителите ќе им образложуваат на судите за барањата околу притворите на осомничените во случајот Империја на Специјалното јавно обвинителство. Дали ќе излезат од Шутка во домашен притвор Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски ќе се знае најверојатно доцна попладнево. 

СЈО веќе предложи куќен притвор за бизнисмените но и за поранешните функционери Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски обвинети во Титаник. Од Апелациониот суд денска објавија дека Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор. 

Од апелација велат дека мислењето на СЈО за нив не е обврзувачко и дека тие одлучуваат по жалбите на обвинетите.

Слично

Поврзани вести