Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема имунолошка бариера која ќе го запре: Каков е тројниот мутант на коронавирусот што ја фрли Индија на колена

Нема имунолошка бариера која ќе го запре: Каков е тројниот мутант на коронавирусот што ја фрли Индија на колена

Индискиот сој на коронавирусот или опасниот мутант кој коси во Индија стаса и во многу европски земји. Го има во Франција, белгија,но и Грција и Швајцарија. СЕга, според информациите таму е лоциран троен мутант на коронавирус. 

Па, што е троен мутант? Во едноставни термини, вирусот има природа да мутира или да ја промени својата структура во зависност од размерот на пренесување. Значи, колку повеќе вирусот се шири, толку повеќе тој ќе мутира. Од откривањето на новиот коронавирус во кинескиот Вухан, вирусот се шири низ целиот свет со неспоредлива жестокост. Во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, истражувачите забележаа нови варијанти на вирусот, кои беа именувани според местото каде се лоцирани.

Индиските научници исто така истражуваа за секвенционирање на геномот на вирусот. Според извештајот на Индијан експрес, индиските истражувачи ја откриле индиската варијанта на вирусот уште во октомври минатата година. Научно позната како Б.1.617 - индиската варијанта на коронавирусот има два вида мутации - L452R и E484Q.

Овој мутант е доминантен во сите држави каде сега има силен бран - Махараштра, Делхи и Чатисгар. Сега, научниците велат дека вирусот мутирал понатаму и има три вида мутации - оттука и името троен мутант. Научно е познат како Б.1.618.

Винод Скарија, научник кој работи во Институтот за геномска и интегративна биологија со седиште во Њу Делхи на Твитер на 20 април зборува за тројниот мутант, кој сега се нарекува „Бенгалски сој“ на коронавирусот. Во својата објава на Твитер, Скарија рече дека „низата“ од лозата на мутантот е пронајдена главно во Западен Бенгал. Додека се прават повеќе истражувања за да се разбере врската помеѓу откривањето на тројниот мутант и новиот наплив на вирусни инфекции, главната поента е дека овој мутант не само што е попренослив, туку може да избега и од каква било имунолошка бариера.


Слично

Поврзани вести