НЕМА ДА ВРАБОТУВАМЕ ЛУЃЕ КОИ САМО ЌЕ ПИШУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - Биљал Касами повторно ќе и се спротивстави на Теута Арифи
На основачкото собрание на тетовскиот огранок, кое се одржа вчера вечерта, движењето Беса ја официјализираше кандидатурата на партискиот лидер Биљал Касами за градоначалник на Тетово.
Тој посочи дека со тимска работа ќе понуди промена за Тетово.
„Овој град треба да биде пример за чистота, и зачувавање на животната средина. Општината треба да биде место за сите, а не за некого. Не парите на општината да одат за гласачката машинерија. Општината треба да биде отворена за сите, за секој граѓанин да биде горд што е жител на Тетово. На денот на изборите да му го вратиме сјајост на Тетово, со најдобрата професионална екипа. Ние нудиме за Тетово и тетовчани да ги компензираме четирите години што ни ги одзедоаа. Имаме можност да направиме промени. Од овој момент ќе тропнеме на секоја врата, имаме ресурси и ветуваме дека ќе направиме граѓаните да се гордеат со Тетово, рече Касами.
Лидерот на Беса ѝ беше противкандидат на Теута Арифи и на минатите локални избори во 2017 година.
