Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Во овој град се вработени дури 97.4 проценти од граѓаните

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Во овој град се вработени дури 97.4 проценти од граѓаните

Еден хрватски град има извонредни резултати кога е во прашање „топењето“ на невработеноста. 

Анализата на ИТ компанијата COIN покажа дека градот Бузет има најмала невработеност во Хрватска од само 2.6% или 97.4% од граѓаните се вработени. 

Крижевци има најголем пад на невработеност за една година од 43.8%. 

Тие 2017 година ја завршија со стапка на невработеност од 4.1%. 

Од 128 градови во земјата во последната година два имаат раст на невработеност помала од 10%. 

Во десет градови со најголем пад на невработеност се Прелог, Запрешич, Ожал, Раб, Света Недела, Ѓурѓевац и Иванец. 

Сепак, во Хрватска има многу скепса околу овие податоци. 

Се смета дека бранот иселување од земјата и фактот што голем број граѓани се избришани од евиденција на невработени придонел да се дојде до еден ваков резулат. 

Сепак, малите градови каде стапката на невработеност е мала се посакувани места за живот. Тие вложуваат за подобар квалитет на граѓаните и за развој на стопанството. 

Слично

Поврзани вести