Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да се трошат државни пари за отстранување на оградата

Нема да се трошат државни пари за отстранување на оградата

Портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски, денеска потврди дека нема да се трошат државни пари за отстранување на оградата околу објектот по синоќешната одлука на последната владина седница.

– Владата го исполнува ветеното. Го промовираме концептот на отворена влада. Зградата на Владата и просторот околу неа се во владение на граѓаните на Република Македонија, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција

Тој дополни дека за отстранувањето на оградата нема да се распишува тендер, односно нема да се ангажира економски оператор, туку ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите.

За понатамошната судбина на материјалот тој наведе дека ќе биде ставен во депо, а  сите понатамошно одлуки ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните.

Бетонските столбови е предвидено да останат таму каде што се, бидејќи како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу.

Претходната власт потроши околу 700.000 евра за поставувањето на оваа ограда на просторот кој претходно беше слободен за движење.

ВМРО ДПМНЕ за ограда околу владата „фрли“ 700 илјади евра-барокното-неокласично здание оди во минатото

Слично

Поврзани вести