НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ „ВО АНГЛИЈА ГИ ОТСТРАНИЛЕ МАСКИТЕ, ПА ВЕДНАШ И НИЕ“: Ќе ги следиме сите сознанија, порача новиот претседател на КЗБ, проф. Петличковски
Министерот за
здравство, Беким Сали денеска официјално го претстави новиот состав на
Комисијата за заразни болести, на чие чело застанува проф.д-р. Александар
Петличковски, а за лице кое ќе биде задолжено за комуникација со новинарите е назначен
д-р Злате Мехмедовиќ.
Во новиот состав на Комисијата за заразни болести се присутни и поранешни членови, но ова советодавно тело на министерот за здравство е надоградено и со нови имиња, експерти од повеќе области:
Претседател-проф. д-р Aлександар Петличковски
д-р Кристина Ставридис
доц. д-р Шабан Мемети
проф. д-р Калина Грифчева Ставрова
проф. д-р Невзат Елези
д-р Дугаџин Османи
д-р Жарко Караџовски
Д-р Иринка Сотирова Бухова
проф. д-р Кристина Ставриќ
д-р Милена Стевановиќ
проф. д-р Звонко Миленовиќ
д-р Фадиљ Цана
научен соработник Марија Динзова
д-р Илир Демири
д-р Виктор Исјановски
д-р Билјана Деспотовска Ристовска
проф. д-р Ниќо Беќаровски
д-р Арбен Лабуништа
д-р Марија Дуганова
д-р Марија Маневска
д-р Јованка Костовска
д-р Злате Мехмедовиќ
д-р Златко Арсениовски
д-р Драган Ѓорѓиевски
По првата конститутивна средба, новоименуваниот претседател, д-р Петличковски порача дека целта на комисијата ќе биде артикулирање на научните податоции нивно имплементирање во нашата средина.
-Нема да работиме на принцип „во англија ги фрлиле маските, тоа ќе го сториме и ние. Нема толку еднострано да ги прифаќаме работите, ќе ги следиме сите научни сознанија по што ќе произлегуваат низа препораки. Од сите дискусии ќе произлегуваат препораките, а ние се обврзуваме да ги пласираме најновите сознанија, порача д-р Петличковски.
Анита Буховски