НЕМА ДА СЕ ОСПОРАТ ПАРИТЕ ЗА БЕНЗИН И ЗА ПАТАРИНИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ - немало мнозинство во Уставниот суд за да се прифати предлогот на Левица
Немало доволно уставни судии кои би обезбедиле мнозинство да се прифати одлуката на Левица за оспорување на Одлуката на Собранието според која пратениците добиваат надоместоци за превоз и за патарини.
За ова извести Уставниот суд.
Подносители на ова барање биле политичката партија “Левица“ од Скопје, како и нејзините двајца пратеници, Димитар Апасиев од Скопје, и Борислав Крмов од Штип.
„Судот не донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени Точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина“, се вели во соопштението од Уставниот суд.
Слично
