Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да се објават хотелите во кои ќе бидат сместени Авганистанците во Македонија

Нема да се објават хотелите во кои ќе бидат сместени Авганистанците во Македонија

Од безбедносни причини нема да се откријат имињата на сместувачките објекти каде привремено ќе бидат сместени Авганистанците кои треба да пристигнат во Македонија.

Сместувачките капацитети се веќе обезбедени и тиа ќе бидат на периферијата на Скопје, објави Дојче Веле.

Во тек е безбедносна проверка на листата со имиња кои ќе треба да пристигнат од страна на Агенцијата за национална безбедност и од Министерството за надворешни работи, но од таму не знаат кога ќе пристигнат првите бегалци.

Листата од очекувани 650 Авганистанци не е фиксна и може да биде проширена во зависност од барањата на меѓународните организации.

Во вкупната бројка на лица што треба да пристигнат имало и околу 15 бебиња




Слично

Поврзани вести