Нема да се додели државната награда „Св.Климент Охридски“
Денеска нема да се додели ниту државната награда „Св. Климент Охридски“ поради заглавениот деловник во Собранието, објави Телма.
Годинава не беа доделени ниту државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин “, „МајкаТереза“ и „11 Октомври“.
Поради заглавените процедури годинава нема да се додели ниту новововедената државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ на 10 декември.
Костадин Костадинов, претседател на Комисијата за избори и именувања, отежната е координацијата со сите политички групи во Собранието.
Ирена Стефоска, министерката за култура, бара Комисијата за избори и именувањa во најкус можен рок да ги формира одборите кои од следната година навремено ќе ги доделува наградите.
Слично
