Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ПРОСТАТ ЗА 27 АПРИЛ: Група новинари ќе ја тужат државата

НЕМА ДА ПРОСТАТ ЗА 27 АПРИЛ: Група новинари ќе ја тужат државата

Maкедонските новинари одлучија да не ѝ простат на државата за настаните од 27 април лани во Законодавниот дом. 

Повеќе од 15 новинари кои известуваа oд Собранието на 27 април, покренаа иницијатива за тужба против државата. Тие ќе бараат надомест на штета согласно член 166 од Закон за облигациони односи.

„Во консултација сме со правен тим тужбата да биде проширена и по други основи, односно во граѓанска постапка да се утврди одговорност на поединци кои со преземање или непреземање на одредени дејствија придонеле за настанатата ситуација. Зад иницијативата сме за сега 15 новинари, отворена е за сите што беа внатре, колеги, сниматели, фотографи“ – изјави новинарот и уредник во Телма, Боби Христов.

Во иницијативата можно е да се вклучат и вработени во Собранието.

„Брзината на тужбата ќе зависи од бризината на мобилизацијата на сите оние кои ќе сакаат да се приклучат во иницијативата. Новинарите, снимателите и сите оние кои беа загрозени на 27 април заслужуваат правда. Ние само си ја вршевме нашата работа на „крвавиот четврток“ – изјави новинарката, Душица Мрѓа.

Новинарот Горан Трпеновски вели дека во тужбата треба да се вклучат сите, оние кои биле и кои не биле.

При упадот во Собранието, тепани беа пратеници, но и некои од новинарите беа вербално нападнати или удрени. Пратениците кои ги отворија вратите на 27 април лани добија амнестија. 

Слично

Поврзани вести