Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ПРАВИМЕ ПРОБЛЕМИ, НО БУГАРИЈА Е НЕПРЕМОСТЛИВА ПРЕЧКА - Мицковски директно до Вархеји

НЕМА ДА ПРАВИМЕ ПРОБЛЕМИ, НО БУГАРИЈА Е НЕПРЕМОСТЛИВА ПРЕЧКА - Мицковски директно до Вархеји

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на неговата дводневна посета на Брисел, се сретнал со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, при што порачал дека не е таму за да создава пречки туку позитивна клима за патот кон ЕУ, соопштија од партијата.

Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека државата уште од 2009 година ги исполнува сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија, е непремостлива пречка, иако Зоран Заев убедувал дека ги затворил сите прашања.

„На средбата се разговараше за европските перспективи на земјата како и актуелните случувања во Македонија. Државата уште во 2009 година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев нè убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, претставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од, не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите.

Од друга страна забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце. Таквото однесување нема никаква врска и е спротивно со вредностите на Европската Унија.

Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за државата да се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап. Патот кон ЕУ нема алтернатива, а сè друго ќе претставува купување на време и нова лажна надеж од Заев.

Ги потврдивме добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ“, пишува Мицкоски по средбата на фејсбук. .

На средбата присуствувале и потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Слично

Поврзани вести