НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ! Тина од ЗОО вели и се закануваат на неа но и се закануваат кон животот на животните!
Тина Мицкоска, која долги години работи во скопската Зоолошка градина, а која вчера реагираше за целиот скандал со птичјиот грип, на фејсбук објави дека добивала закани заради тоа што го пишала, а напиша и дека некој се заканувал по животот на животните во зоолошката.
„Убав ден денес, празник... Но, докажани насилници приведувани повеќе пати за семејно насилство решиле денот да го поминат во закани кон мене и вршење манипулации со јавноста.... Нема да ме замолчите, сите што знаевте што се спрема на животните, а сега сакате да се извадите, пробувајќи да местите луѓе кои животот го посветиле на животни...Не ни кажавте што ќе се случува зошто знаевте дека ќе спречиме да се случи масакр...
Јавноста гледа и знае и повторно после мојот статус каде што посочив дека имаме закани и притисоци, продолжувате без срам!!!“ вели таа во еден статус.
Во друг пак таа пишува:
„Почнаа и закани кон животот на животните..
Мене слободно што сакаат нека ми направат, ама да дозволам да се закануваат по живот на животни за кои знаат дека ми се слаба страна и сум се тресела за нив од кога биле бебиња НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ!“.
