Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да има верски собир на стадионот во Чаир

Нема да има верски собир на стадионот во Чаир


Прославата на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на стадионот на ФК Шкупи во Чаир е откажана, јавуваат медиуми на албански јазик.

Засега не се знае која е причината за одложување на овој настан. Исамската верска заедница според препораките кои ги објави, побара молитвите во џамиите да се одржат само во дворовите од џамиите.

Комисијата за заразни болести од Владата побара да биде воведен 56 часовен полициски час, но засега нема најава кога ќе биде разгледано тоа на владина седница.

Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам, но верниците може да одат во џамија.


Слично

Поврзани вести