Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да има предвремена ратификација на протоколот на НАТО во македонското Собрание

Нема да има предвремена ратификација на протоколот на НАТО во македонското Собрание

Нема да има предвремена ратификација на протоколот за прием во НАТО во македонското Собрание, иако Владата на седница веќе го утврди текстот на Предлог-законот за Северноатлантскиот договор.

Истиот требаше да биде испратен во законодавниот дом и по гласањето да стапи во сила штом Шпанија ќе го стореше истото за време додека е распуштено македонското Собрание поради изборите во април.

Ова го потврди спикерот Талат Џафери кој вели дека сега ситуацијата е многу полесна бидејќи шпанскиот премиер Педро Санчес успеа да формира Влада. Инаку, од вкупно 29 членки на НАТО, Протоколот за Северна Македонија останува да го ратификува уште Шпанија. Во меѓувреме Санчес осигура доволен број парламентарни гласови за да формира влада. Санчес кој ја води централнолевичарска алијанса Унидос Подемос при гласањето во парламентот доби поддршка од 167 пратеници од вкупно 350. 

„Очекуваме во најкус можен рок Шпанија да го ратификува договорот, а целата постапка кај нас да заврши до 12-ти февруари. Нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во процедура, но нема индикации дека е неопходно предвреме да се постапува, вели Џафери за Телма.

За Македонија да стане полноправна земја членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите земји членки на Алијансата.



Слично

Поврзани вести