Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да има паралелка за акушерки во Македонија само на албански, ќе има и на МАКЕДОНСКИ

Нема да има паралелка за акушерки во Македонија само на албански, ќе има и на МАКЕДОНСКИ

Министерството за образование и наука известува дека во вторник ќе се направи измена на конкурсот и ќе се воведе паралелка за акушерки на макаедонски јазик на смерот гинекологија и акушерство. За следната наставна година во Средното Медицинско Училиште на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов” предвидена е само една паралелка на албански јазик.

Ваквата одлука следува по бурната реакција на родители и на асоцијацијата на медицински сестри, од каде велат дека три години по ред е оваа дискриминаторска пракса на која треба да и се стави крај.

„Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра“, објавија од МОН во вестите на Сител.

Иако директорката на училиштето Маја Салиу рече дека наставните програми за акушерка и медицинска сестра се слични, Гордана Бешлиоска, претседателка на Унија на здруженија на медициснки сестри, вели дека клиниките и болниците точно знаат каков кадар им е потребен и дека конкурсите за вработување се конкретни.


Слично

Поврзани вести