Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Зелен Хуман Град објави дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја прифатил нивната сугестија и дека за новогодишниот дочек нема да има организиран огномет од Град Скопје.
„Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, вашата ангажираност со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да има 

Ова претставува мал но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути „забава“,објавија од Зелен Хуман Град.

Од таму очекуваат што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.



Слично

Поврзани вести