Нема да ги толерирам: Градоначалникот Богдановиќ поднесе кривична за „Интермецо“
Кривична пријава за отстранувањето на службената пломба против управителот и овластеното лице на кафе барот „Интермецо“ поднесе денеска во Основното јавно обвинителство градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Тој објави дека кафе барот „Интермецо“ претходно беше опоменуван и санкциониран, вклучително и со две глоби од по 6000 евра, како и забрана за вршење угостителска дејност во траење од 30 дена.
„Вработените самоиницијативно ја отстраниле пломбата на објектот и продолжиле со работа уште истиот ден, откако утрината објектот бил запечатен. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник нема да толерираме ничие неодговорно однесување кое ги вознемирува жителите и повторно апелирам до сите сопственици и управители на локалите на територија на општината да се придржуваат до законските одредби за дозволено ниво на бучава и гласност, вели Богдановиќ
