Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да биде познато колку чинат и од каде се новите камери за сообраќајни прекршоци

Нема да биде познато колку чинат и од каде се новите камери за сообраќајни прекршоци

Новите камери за регистрирање на сообраќајни прекршоци кои ќе се монтираат во Скопје, Тетово и Куманово ќе бидат од непознат набавувач и нема да биде објавено за колку пари се купени, односно инсталирани.

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не откри кој ќе ги постави камерите и колку оваа мерка ќе го оптоварува буџетот, бидејќи, како што рече, информациите се класифицирани

За сега од МВР нема никаков одговор за камерите кои предизвикаа големо внимание во јавноста и освен дека тие се уште не регистрираат прекршоци. Од таму само кусо одговорија дека новите камери се во рамките на проектот „Безбеден град” и ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

Повеќе нема да можеме да ги криеме прекршоците, МВР ќе поставува камери во Скопје, Тетово и Куманово. Спасовски на крајот на годината со новинарите најави дека ќе се заострат контролите за прекршителите на сообраќајните правила.

Министерот најави дека ќе бидат поставени камери за контрола на безбедноста во сообраќајот во Скопје, Тетово и Куманово и на автопатите. Тој додаде дека ќе има мобилни системи кои ќе можат да се поставуваат низ целата земја.


Слично

Поврзани вести