Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два, вели Пендаровски

Нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два, вели Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска ги оцени како легитимни барањата за одложување на пописот поради состојбата со пандемијата.

Тој во интервју на Телевизија 24 истакна дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два.

„Јас ги слушам повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично. Тоа се сериозни прашања. Не гледам греда, пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања, оние што се однесуваат во доменот на здравстото. Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем. За секој граѓанин да се чувствува безбедно, да не се плаши кога некој ќе му дојде во домот“, вели Пендаровски.

Пендаровски рече дека методологијата ќе биде дадена на увид на сите и тука може да се имплементираат конструктивни предлози.

Владата во денешното соопштение, најавувајќи го пописот на населението во април, смета дека статистичката  операција ќе помогне да се намали трендот на иселување на популацијата во странство.

Слично

Поврзани вести