Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА БЕГАЊЕ ОД ДАНОКОТ: Готовинскиот промет ќе се следи електронски

НЕМА БЕГАЊЕ ОД ДАНОКОТ: Готовинскиот промет ќе се следи електронски
Готовинскиот промет во Македонија ќе се следи електронски. Бензинските пумпи, сите угостители и даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари ќе мора до 31 октомври да имаат фискален апарат со ГПРС уред. За сите останати даночни обврзници рокот ќе биде до 31 јануари 2015 година. Првиот човек на Управата за јавни приходи Горан Трајковски очекува на овој начин даночната евазија, односно одбегнувањето на обврската за плаќање данок да се намали за 25%. „Верувам дека целиот процес ќе биде заокружен и да бидат сите онлајн поврзани во овој рок и очекуваме со воведувањето на системот 20 до 25 проценти од придобивките на дисциплината и на даноците кои произлегуваат од регистрација на прометот“истакна Трајковски и додаде дека досега услужните дејности беа со најголеми можности за евазија Првиот фискален апарат со ГПРС уред е регистриран на 5 август, а заклучно со вчерашниот ден регистрирани се вкупно 28 фискални апарати. Со новиот систем, ќе се намалат и контролите на терен, односно тие ќе се спроведуваат само доколку системот покаже проблем или неправилност. Фирмите имаат на располагање во моментов девет фискални апарати од тројца производители, а 12 се во фаза на регистрација. Трошоците за набавка на новите фискални апарати ќе се сметаат за расход и ќе ги преземе Буџетот на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести